Конечно! Некој со вистинска, револуционерна и прогресивна идеја за спасување на државава!
Ден откако Зоран Заев ја најави својата оставка, министерката за се-и-свашта Мила Царовска препорача дигитализирање на процесот наречен "Премиер"
"А види. Зашто да има човек премиер? Нека има компјутер. Може ете и холограмски. Ќе го стсаиме на плоштад нека ги гледа луѓето. Онака, гигантски. Да знае народот дека има лидер у земјава. И онака, компјутерски ќе ги прави сите работи. Ако некој случајно не го почитува лидерот - оп, ќе му влезе у компјутер ќе му ги украде сите податоци. Нема да го почитуваш Дигиталниот Премиер? Нема пари! До кога ќе го загадуваме општествово со вистински луѓе??? Дајте, да се ослободиме од Заев на планетава и да го замениме со единици и нули. Прогрес! Дигитализација! Одиме!" - изјави Мила Царовска на ТикТок.