Нова победа на прогресот! Во потег што според Мила Царовска го поддржуваат голем број на експерти - од следната година ќе се изучува дека Васил Гарванлиев победил на Евровизија!
"Веруваме дека децата треба да учат убави работи. Успесите ги мотивраат сите. Никој не е мотивиран од неуспех. Замислете, треба ти на децата да им кажеш дека имало смрт во нешто наводно наречено Втора Светска Војна? Или замисли, да им кажеш ти на децата дека пред ептен години имало тука некој си... Опукатор? Окукатор? Не знам ни како се вика зборот, до толку е небитен за изучување! Затоа, децата треба да бидат мотивирани! Ќе учат дека Васил Гарванлиев победил на Евровизија и тоа утре ќе ги мотивира децата да станат музичари што исто така ќе сакаат да пеат на митинзи! СДСМ гради политика на победи и ќе се изучуваат само победи!" - изјави Царовска