logo

# Сатира

Царовска: Веќе три недели учам разлики меѓу Австрија и Австралија!

насловна слика

Министерката за се и сешто - Мила Царовска, во емотивен фејсбук статус објасни дека веќе неколку недели ги вежбала разликите меѓу Австрија и Австралија.

 

"Еднаш го честитав денот победа на фашизмот. Луѓето мислеа дека бев грешка, иако не бев, во новите учебници ќе пишува дека победил фашизмот. Ама сепак, многу луѓе ме исмејуваа. А јас тоа не го сакам. Затоа, сега решив да се спремам. Видов дека нашеземјестата репрезентација ќе играла на ЕП против Австралија.

 

Затоа, јас веќе три недели во тетратка го пишувам името на Австралија, за кога ќе дојде време да не се посрамотам и да ставам емоџи со знамето на Австрија. 

 

Затоа, се надевам дека нашите ќе победат на Европското против квалитетните авс...авс.....против квалитетните фудбалери од другата страна. За жал нема да можам да го гледам натпреварот пошто ќе треба да одам на една средба во Рига, а сите знаеме дека Литванија е убав град, особено нивниот главен град Латвија, па ќе сакам малку и да прошетам таму." - објави Царовска.

Коментари

0nanGkaU4pBkJRnsMGmmylPoJYDIaR3Gx1FNnCLs

мила на мајка, и географија знае.... еее тек у гимназија ко ќе се упише, ќе научи и колку овци има у Аргентина... тоа едно место таму у Африка

0hYsSgcOLc0C7useSeZvGlJKvHNBiJqHdSbfhy4y

какви се експерти за све и свашта иаме, ЕУ може вода да ни носи, на пр. Мила на мајка, Николче , син таткин Тодоров, па онадак кандидати за Нобел, абре вруток на стручњаци ова Наше мало државче.... хахаха


Остави коментар