Поранешната министерка за труд и социјална политика, моменталната министерка за министерка за образование и идната министерка за здравство влегуваат во кафана. Барменот им вика "Еее Мила Царовска, што ќе се напиеш ти експертке за се?"
А оваа им вика "Една вода, фала, тука сум за кратко интервју со Кооперација.мк"
После ова, таа го примети нашиот новинар седнат во ќошот како споро цица едно шише со пиво. Седна до него, а наскоро започна интервјуто во кое што Кооперација и Царовска разговараа за се и сешто.
Главната тема на разговор беше иста како и главната тема во сите домови периодов - вакцинацијата.
Според Царовска, процесот на вакцинација ќе биде многу подобар доколку се дигитализира.
"Си видел ли гужва по болнициве? Знаеш ли колку ќе се намали гужавата ако се дигитализира боцкањето? Па ти текнува ли порано на фејсбук кога имаше "Поук" опција? Зошто да не може така да се боцкаме пак? Дигитализација е права ствар, штом може и во образование, зошто да не може и во здравство? Ќе се намалат гужвите, се ќе оди побрзо и едноставно ќе бидеме во чекор со Европа. Така е во цела Европа, ако некој ти каже дека не е најверојатно е некој заостанат. Значи еееј, луѓето на Марс стигнаа, ние уште со вакцини се боцкаме како некои неандреталци!" - изјави Царовска по што кажа:
"Него ај, треба да одам, ти ќе платиш сметкава така? Ајде, се брзам, се гледаме деновиве, супер муабет, ќе праиме пак кафица наскоро обавезно, ќе ти вртам, ај се брзам, одам сеа..."