Генијалните идеи на експерот за се и сешто не запираат! Милата госпоѓица Царовска најавува укинување на правен факултет!
Повеќе за ова во мејлот што го добивме од неа:
"Правен факултет е демоде. Учат децата за некои мртви фаци пред 3 илјади години? Што има бе 20 годишно дете да знае што закони имале? Ви требаат тие закони во секојдневниот живот? Ви треба познавање од уставот во секојдневниот живот? За што ви треба? Да бидете политичар? Да бидете судија? Да бидете правник? Секако дека не ви треба. Мислите просечен правник во државава заработува повеќе пари од просечен вработен во НеВладина Организација? Апсолутно бескорисен факултет е правниот што никој не го есапи во 2021. На децата им е досадно да учат за устав и закони. Затоа, "Правниот факултет" ќе биде "Факултет за НВО", а јас ќе бидам една од професорките на истиот"
Eкипата на Кооперација верува дека овој потег е генијален и едвај чекаме да се запишеме за да учиме за Game of Thrones, The Sopranos и True Detective.