logo

# Сатира

Царовска: НЕ ОЈТЕ ПО КНИЖАРИТЕ, КЛАВЕТ КНИГИ ВО ПИЈАЧКИНЕ!

насловна слика

Дамата со милион познавања и широка интелигенција продолжува да не шокира со нејзините генијални реформи! Имено, таа се префрли на сериозна кампања против најголемото зло во животот на младите, модерната чума на 21 век - ПЕЧАТЕНИТЕ УЧЕБНИЦИ!

 

Во време на глобална пандемија, талибанци, корумпирани политичари, неинтелигентни жители и што ли уште не - сметаме дека печатените учебници се најверојатно второто најзлобно нешто на светот. Секако, првото место е наменето за тие што шират дезинформации на интернетот дека книгите нема да ги убијат вашите деца.

 

Факт е дека се уште не може да се биде 100% сигурен дали книгите може да  ги убијат вашите деца, па доколку видите некој да шири ваква дезинформација ве молиме да го пријавите во полиција.

 

"НЕ ОЈТЕ ПО КНИЖАРИТЕ, КЛАВЕТ КНИГИ ВО ПИЈАЧКИНЕ!" - започна пресот за медиумите на Мила Царовска, а кога ја потсетивме дека нема потреба да зборува на дијалект, таа кажа "Ау да... извинете, така ми дојде...  забораив..."

 

Потоа таа продолжи да збори за статистики, бројки, Финска, Шведска, Данска, реформи и уште неколку слични работи, ама нашиот новинар заспа додека траеше пресот па се што запамтил е најбитното - КНИГИТЕ ЌЕ ВИ ГИ УБИЈАТ ДЕЦАТА!

Коментари


Остави коментар