Експертката за финансии, образование, невладиност, владиност и останати работи - Мила Царовска, реши дека реформите во образованието треба да се прошират и во собранието.
Затоа, таа ќе најави дигитронизација на пратениците, со цел тие да бидат во чекор со времето.
"Врска немаат од рачунање. Значи сите имаат скапи мобилни, а само ги користат за порничи и вибер. Или се вика вајбер? Како и да е... не знаат ништо. Ни дигитрон не знаат да уклучат на телефон. Затоа, ептен е битно да има дигитронизација на пратениците. Сите ќе добијат по еден дигитрон. Ќе им се најде нешто. Утре ќе треба да пресметаат колку мито да побараат и нема да иамат поим, ќе им се смеат луѓе. Ако ништо друго барем ќе знаат да пишат 3B1.53 на дигитронот. И тоа е нешто" - изјави Царовска