logo

# Сатира

ЦАРОВСКА НА МАКФЕСТ: Очекувам награда за дигитален настап за мојата дигитална песна „ДИГИ ДИГИ ДИГИТАЛНО!“

насловна слика

Точно е, ќе настапувам на Макфест со цел да го поддржам фестивалот дигитално, како и самата дигитална општина во која што се одржува. Чест ми е да ви соопштам дека ова е моето дигитално музичко деби. Дигиталниот аражман, уникатната дигитална композиција, како и дигиталниот текст се мои. Дигиталната нумера е строго создадена од хармонични дигитални ноти, напишана со возвишена дигитална мисла, при наплив на дигитална инспирација! Насловот на композицијата е „ДИГИ, ДИГИ, ДИГИТАЛНО“, има извонреден неповторлив дигитален ритам и бара многу дигитален напор за да биде изведена дигитално. Нескромно, но морам да признаам дека очекувам дигитална награда за дигитален настап која за прв пат дигитално се доделува на овогодинешното дигитално издание на Макфест.“ – рече Царовска и дигитално го напушти разговорот. Не сакаше ништо да коментира околу шпекулациите за аналогниот микрофон ниту пак да ни отпее дел од дигиталниот рефрен, само дигитално ни испрати мал дигитален дел од дигиталниот текст за дигиталната песна наменета за овогодинешното дигитално издание на Макфест.

ПРОЧИТАЈТЕ ДЕЛ ОД ДИГИТАЛНАТА ПЕСНА

„ДИГИ ДИГИ ДИГИТАЛНО “

Диги диги дигитално!

Вертикално, хоризонтално

ем дијагонално!

Диги диги дигитално!!

Хетеро хомо и бисексуално!

Идеално – амбиетално,

ориентално, орално ем брутално!

Диги диги дигитално,

Генерално експериментално...

....

...

...

 

Коментари

GUBbCxsPRKpRMoZtr6XTti1v8DY3BPdpQY872xb2

Хахаха….ова е аналогно кршење од смеа, дигиталното ќе го остаам за мила на мајка….хахаха


Остави коментар