logo

# Сатира

Царовска кон средношколците и студентите: Методот на протестирање е застарен, време е за модернизација преку дигитален протест!

насловна слика

Министерката за образование со нова генијална идеја што наиде на огромни пофалби од сите жители на планетата.

 

Откако голем број на критичари се јавија против нејзините промени апсолутно никој немаше проблем и откако излегоа голем број на студенти, средношколоци и родители да протестираат против промените апсолутно ништо не се случи, Мила е фантастична и ако не се сложуваш со тоа ќе те фатиме, знаеме кој те плаќа, таа се појави со нова генијална идеја!

 

"Протести се ок работа, освен тогаш кога не се. Ама 2021 година сме. Нели ви е малце незгодно да се облекувате? Да излегувате? Можеби и да фатите автобус? Да се гужвате? Да се буткате? И се тоа... само за да протестирате? До кога со овој застарен метод на протестирање? Не е ли време да погледнеме напред и да протестирате дигитално? Ќе си мавнете лајк, дислајк, некое емоџи ќе постирате. И се тоа од вашиот дом. Навистина е едноставно и навистина ќе може вашиот глас да се чуе, освен ако јас не ве банирам од мојот фејсбук страна. Ве молам да не останеме дупка на Балканот и да пробаме со модернизација да бидеме во чекор со трендовите. Дигитални протести се идеи за кои сум спремна да ве водам. Следете ме!" - објави Царовска на социјалните мрежи.

Коментари

XowxrcqdovCMM5JApqxIOo1DL2UJgh70ELd6MIui

Млада, перспективна, иноватор..... Никола Тесла во современо издание


Остави коментар