Конечно, навредите и исмејувањето со премиерот дека "не учел во школо и врска нема од ниту еден предмет" ќе прекинат!
Причината за тоа ќе биде што официјалниот начин на говорење и пишување на премиерот ќе се изучуваат во основните училишта наместо предметите "Македонски" и "Англиски", а ова на прес денеска го потврди и миластерката Министерка Царовска:
"Македонски јазик е контроверзно име за предмет. Не сакаме како министерка да имам предмет "Македонски" па после да се извинувам дека сум се збунила поради тоа што имам 46 години. А не ни имам 46 години, така да би било глупо да се извинувам на тој начин. Затоа, предметот "Македонски" ќе биде сменет со "Заевица" - предмет каде што ќе се учи македонскиот јазик и начин на пишување на Зоран Заев, а предметот "Англиски" ќе биде заменет со "Заевачки Аглиски" каде што децата ќе учат како да говорат англиски исто како и премиерот. Веруваме дека ова е предобар потег, а веќе слушам дека голем број на луѓе го поддржуваат!!!"