logo

# Сатира

ЦАРОВСКА: Има свидетелства, ама онлајн се!

насловна слика

Во период кога се повеќе луѓе се жалат за недостастокот на свидетелства, министерката Мила Царовска излезе со соопштение кое треба да ја смири ситуацијата и да ја намали паниката помеѓу тие кои шират лажни вести дека нема свидетелства.

 

"Не е вистина дека нема свидетелства. Има. Онлајн се. Отидете во "junk mail" и таму ќе добиете еден мејл со оценки. После тоа, ги копирате оценките, ги ставате на Ворд. Го сејвнувате фајлот што е на Ворд. После тоа, го ставате на УСБ. Ме пратите до тука? Да? Добро. После тоа, одите со УСБ-то во локална копирница. Им го давате УСБ-то и им кажувате да ви ги испринтаат оценките. И после тоа со листот ќе може да се сликате. За фејсбук или инстаграм лајкови. Повелте и друг пат." - вели Царовска.

Коментари

LVlQOFC9Te4BSS4AD7vJoXClcfNJo1ODkuhpabAP

хахаха, за се има решение, мила на мајка.....изглеа го заврши основното... полуматурант на мајка... хахаха


Остави коментар