logo

# Сатира

БУЈАР ОСМАНИ: И мене фризерката прво ме фарба, па после ми ја покажува бојата

насловна слика

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обиде со прост пример им објасни на граѓаните зошто треба безрезервно да ѝ веруваат на Владата и покрај тоа што истата не го објавува протоколот се’ додека пратениците не го изгласаат за францускиот предлог.

 

- Јас сум ја избрал и имам целосна доверба во мојата фризерка, па оставам на неа да ја избере бојата што најмногу ми одговара. И никогаш не ме изневерила! Затоа очекувам по истата логика да се водат сите совесни граѓани што не’ избрале и да не’ остават да продолжиме со фарбањето. Па после, ако не ви се свиѓа бојата, шишајте се лустер ако сакате. – рече министерот Османи.

 

На крајот од обраќањето тој покажа гаранции од ЕУ и од Бугарија дека за процедурата ќе бидат ангажирани најдобрите фарбачи во земјава и регионот, познати по тоа што користат само најквалитетни фарби.

Коментари


Остави коментар