Не сме сигурни зошто оваа вест беше пренесена од Бујар Османи, но токму тој утрово на својот фејсбук профил напиша статус.
Откако го прашавме нашиот колега да ни го преведе статусот, сфативме дека Османи, презадоволен од фудбалската победа во четвртокот решил да организира голема прослава во МНТ!
Тој ги повикува сите фанови на репрезентацијата во "Македонскиот Народен Театар" каде очекува да има одична атмосфера.
"Ваква победа не се гледа секој ден! Затоа, утре ги очекувам сите фанови да дојдат во МНТ и да прославиме со песни, бакљи, музика и убава атмосфера. Како што сите знаете, изминатиот четврток фудбалската репрезентација ан Косово победи со 5-0 во пријателски натпревар против Буркина Фасо, што е еден од најголемите победи во историјата на косовскиот фудбал. Нешто што вреди да се прослави, а каде на друго место ако не во театар? Се гледаме таму" - гласеше статусот на Бујар Османи кој ги замоли фановите да не пеат песни од типот "Мртов жител на Република Северна Македонија - Добар жител на Република Северна Македонија" бидејќи песната не звучи така добро и дека ќе треба да најдат нови зборови за да ја истакнат својата пасија во ритмичен стил.