И додека целиот свет дебатира за тоа дали Доњецката и Луганската Народна Република навистина се независни откако Владимир Путин ги призна како такви, за Бујар Османи нема дилема - тие 100% се самостојни, независни и суверени држави. Исто како и Косово.
Но, како такви тој уште од сега ќе проба да се сретне со високи преставници на Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република и во улога на преставник на Република Македонија ќе оди да го прави тоа за што е платен со народни пари - да бара признавање на Косово.
"Глупо е да зборам дали Доњецк и Луганск се независни. Секако дека се. Секогаш ќе навивам за независност на мали држави. Главниот проблем е дали ќе го признаат Косово или не. Еве, со приватен авион тргам сега да побарам некој претседател или премиер или старешина или што и да имаат за да разговараме за Косово. Нормално ќе одам преставувајќи ја Македонија. Добро е да има што е можно повеќе држави што ќе го признаат Косово." - изјави Бујар Османи во разговор за нашиот сајт.