logo

# Сатира

БУГАРИЈА ЌЕ ГО ТРГНЕ ВЕТОТО АКО ГО ОСТРАНИМЕ "NORTH" ОД ИМЕТО!!!

насловна слика

Нов пресврт во преговорите на нашата земја со Република Бугарија!

 

Бугарскиот претседател Румен Радев побара од земјава повторно да го смени уставот со цел да се тргне делот "Северна"/"North" од нашето ново тотално легитимно уставно некриминално фер име.

 

Според Радев името на земјата имплицира дека вистинската Македонија се наоѓа јужно од нашата земја, факт што според него не е вистинит.

 

"Зашто Северна? Зашто не... Западна Македонија? Бидејќи вистинската Македонија е тука - во Бугарија. А вака името може да збуни некого дека вистинската Македонија е во Грција, што нели, не е вистина. Обавезно да го тргнете зборчето од вашето име и заменете го со нешто друго што нема да го збуни светот. Македонија е Бугарија. А не во Грција или шо ти знам таму..." - изјави Радев.

 

Премиерот на нашата земја кажа дека не може туку така да се смени име, дека си има правила, закони, договори и се по ред, на што Бугарскиот претседател кажа "Хахахаха, тоа друг да лажеш, видов у 2018 и 2019 што праевте, зснам дека можете туку така да напраите, не ме дупи у здрав мозок. Ајде, мењај сеа ако сакаш да лапаш 500 евра после влагање у ЕУ, иначе ветото останува."  

 

 

Коментари


Остави коментар