logo

# Сатира

Бугарија до Македонија: ДА ЗЕМЕВТЕ НАШИ ВАКЦИНИ НАМЕСТО СРПСКИ НЕМАШЕ ДА ИМА ВЕТО!!!

насловна слика

Ах, да можевме да се вратиме назад во времето, сигурно некои работи ќе ги сменевме.


Една од нив дефинитивно е барањето на вакцини од Србија и масовното вакцинирање на граѓани на нашата земја во Србија.

 

Ова може да го кажеме откако Бугарската влада во официјално соопштение до нашата држава објави дека главната причина за ветото е тоа што ние не сме им побарале вакцини на почетокот на Ковид пандемијата!

 

"А што бе??? Што има Вучиќ што неаме ние??? Шо демек инјекциите со српски вакцини се за 5 сантима подугачки од нашите? Иста големина се, слична. У темница не се ни приметуваат 5 сантима плус-минус. Што, не ви чинат ЕУ вакцини??? Моравте од не-ЕУ земја да барате помош? Моравте масовно во Србија да се вакцинирате??? Ма ајде ви се молам... Ептен не' повредивте. Сега сркајте ги последиците. Кога ќе излезе вакцина за Rho варијантата на вирусов обавезно од нас да побарате! ЕУ вакцини! Со попуст ќе ви ги дадеме. Јасно?" - се вели во соопштението на Бугарија.

 

 

Коментари


Остави коментар