logo

# Сатира

Бучковски именуван за специјален набавувач на делови за изградба на бугарската ракета

насловна слика

Нашиот специјален преговарач со Бугарија, Владо Бучковски, станува специјален бугарски набавувач на резервни делови за ракетата „Един народ“, која ќе се гради во склоп на Бугарската вселенска програма.

 

Имено, како што дознаваме, Слави Трифунов, веднаш по тесната победа на изборите таму, одржал состанок со бугарскиот претседател Румен Радев, на кој се разговарало за само една точка – ангажирање на Бучковски за изградба на ракетата по секоја цена.

 

Ова е големо признание за долгогодишната добра работа на господинот Бучковски, кој е докажан на ова поле уште од времето кога беше министер за одбрана, преку своите легендарни подвизи кои се застарени, но не се заборавени.

Коментари

Диано

основана е и компанијата Татаркосмос, со седиште у Кејп Пазарџик, а деловите ќе

Диано

се добавуваат искључиво од познати производители....Karakachanov factory.ltd, B.Borisov& com и нормално свежо оформената Trifke spacecraft company


Остави коментар