logo

# Сатира

BREAKING NEWS: Богат човек се запознава со евтино превозно средство!

насловна слика

Вонредни вести! Екипата на Кооперација има ексклузивна вест што се случува само еднаш на ~4 години! Имено, богата личност влегла во евтино превозно средство!


Го имаме разговорот помеѓу богатиот човек и еден пријател на богатата личност под овој текст!

 

Богатата Личност (понатаму во текстот Б.Ч. ) : И така викаш во аботвус ќе треба да влезам, а?

Пријател на Богатата Личност (понатаму во текстот П.Б.Ч.) : Да, да, евтино превозно средство е. Сериозно немаш видено?

Б.Ч.: Јок, од евтини превозни средства само пешки и тоа до продавница. Ова не ни знам како се вика

П.Б.Ч.: Автобус. Автобус се вика.

Б.Ч.: Значи исти четири букви како автомобил, а? Интересно. Што не му дале некое уникатно име?

П.Б.Ч.: Па не знам, не е скора измислица, долго време постои.

Б.Ч.: Могуче, прв пат слушам да ти кажам. А еве сме. Ова е тоа авто...авто нештото? Ова е тоа така? Да влезам тука?

П.Б.Ч.: Не, тоа е трафика. Не е превозно средство. Продаваат евтини работи.

Б.Ч.: Трафика? Тоа не беше англиски збор за гужва? Ама ова сигурно е превозно средство. Дека во гужва ќе бидеш ако се возиш. Ме зафркаваш така?

П.Б.Ч.: Не бе. Трафика е. Како продавница, ама мала. Сериозно немаш сретнато трафика?

Б.Ч.: Јок, само преку Амазон купувам јас.

П.Б.Ч.: Еве го, доаѓа сега автобусот.

Б.Ч.: Ова? Па ова е исто како мотор бе? Хаха, ете, не ми е толку непознато ова атвосубов ипак, го имам видено.

П.Б.Ч.: А бе ова е мотор. Тоа позади моторот е кола. Па позади колата е автобусот.

Б.Ч.: Аааа ок, ок. Еве... сега сами се отвараат вратите на ова? Треба нешто да стиснам?

П.Б.Ч.: Ти отвара возачот. Еве влези. Треба да платиш карта, можеш и со мобилен... ама ајде, батали, за една станица сме само, нема да платиме, нема да влезе контрола ваљда.

Б.Ч.: Ааа карта. Колку пари е карта? Дваес евра? Петнаесет евра? 

П.Б.Ч.: Па 35 денари е.

Б.Ч.: Ауу евтино бе? Ја само со Визер се возам дека и тие се евтини... ама ова поевтино од Визер било бе? Да почнам да го користам, а?

П.Б.Ч.: Ама знаеш дека ова е ЈСП и вози во градов само, така? Нема да те вози до Брисел како Визер?

Б.Ч.: Ааа... е па онда не го користам...

П.Б.Ч.: Ајде седни тука да те сликнам.

Б.Ч.: Еве добро е ова?

П.Б.Ч.: Да, да. Еве ќе стаам нешто на инста со хештези нешто #TravelLifeStyle #BusIsMyLife #BusLife #BusKissed #Bussing или шо ти знам

Б.Ч.: Ајде, се симнуваме?

П.Б.Ч.: Да, да, обавезно, недај боже повеќе од две минути да се возам у ова, ќе повратам...

 

Коментари


Остави коментар