logo

# Сатира

БРАВО!!! ЗАЕВ ЌЕ ГИ ВРАТИ СИТЕ ПАРИ ШТО ГИ ЗАРАБОТИЛ ПРЕД 2018!!!

насловна слика

Оваа година ќе биде запаметена по тоа што Зоран Заев и официјално ќе се повлече од позицијата премиер на нашата земја и лидер на СДСМ.

 

Но, овој голем, морален, интелигентен, харизматичен, добродушен, широкограден, емпат од човек се повлекува од позициите со уште еден последен неверојатен потег што ги заслужува сите пофалби!

 

Имено, тој ќе ги врати сите пари што ги добил од Република Македонија!

 

"На сите што сакаат уставност во државава им кажувам "A sto be, ako ti smeta tolku neustavnost zasto zimas pari od Severna Makedonija a? Haha shah mat, batec!", па мислам дека е време да водам по пример. Имено, сите пари што сум ги добил во Република Македонија ќе ги дадам во добротворни цели. Фустани на ќерката, фирми, договори, автомобили, храна, пијалак... се! Секој еден денар што сум го добил од некоја држава наводно наречена "Република Македонија" ќе ги вратам то ест ќе ги донирам во добротворни цели! Време е да одиме напред и да градиме добри односи. Ќе водам со пример, се надевам сите мои симпатизери, фанови и гласачи ќе го направат истото. Заедно можеме!" - напиша Зоран Заев на фејсбук.

Коментари


Остави коментар