logo

# Сатира

БРАВО! ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЕДЕН МЕСЕЦ ПРОТЕСТИРА ПРЕД ДОМОТ НА ШКОДРАНЕ ДАРДИШТА!!!

насловна слика

Не е лесно да се протестира против неправдата и да се бори со национализмот, но некој мора!

 

Токму затоа, во последниот месец, познатиот револуционер Павле Богоевски протестира пред домот на Шкодрдане Дардишта, а ова не треба да ги изненади луѓето кои се блиски до Богоевски, кој веќе досега е докажан како човек од принципи, особено што пред да го започне својот протест пред домот на Дардишта тој напиша статус на фејсбук во кој ветува дека ќе ги победи националистите.

 

"Мора некој. Ако не ти... тогаш кој? Еве, месец дена протестирам пред домот на Дардишта и веќе неколку балони со боја и фрлив на домот. Ти реков ЌЕ ГО ПОБЕДИМЕ НАЦИОНАЛИЗМОТ!" - изјави Богоевски.


Кога го прашавме дали планира да престане со протестирање, тој кажа дека тој ќе престане со овој немир само кога тогаш ќе има правда.

 

Браво, се надеваме дека ќе му се приклучат и други граѓани!

Коментари


Остави коментар