logo

# Сатира

БРАВО!!! ОВОЈ ЧОВЕК НЕМА СЕКС СО НЕВАКЦИНИРАНИ!

насловна слика

Вистина е! Не секој херои носи наметка! На пример Ајрон-Мен, Спајдер-Мен, Црната Вдовица и многу други херои не носат наметка.

 

Но освен овие, херој што не носи наметка е и Блажо, навидум обичен граѓанин од Јурумлери.


Во време кога анти-ваксерското движење зема се поголем замав, и кога се повеќе анти-ваксерите мислат дека се слободни да прават што сакаат без да бидат казнети, овој човек се бори сам против сите!

 

Имено, ОВОЈ ЧОВЕК НЕМА СЕКС СО НЕВАКЦИНИРАНИ!


Екипата на Кооперација стапи во контакт со овој тивок херој на секојдневието и го изјави следното:

 

"Да. Вистина е. Немам секс со невакцинирани. До душа немам секс ни со вакцинирани. Не дека ја сертификат им барам. Им барам... ама не сертификат. Ама никоја не се дава. И така, еве, откако започна пандемијава скоро и ич да немав секс. Еве... кога почна пандемијата? Декември 2019 негде? Да, ќе му дојде негде.... па да, негде 6 години не сум имал секс. Тоа е, ќе биде кај и да е." - изјави Блажо за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар