logo

# Сатира

Браво! Овој човек дури во 2022 сфати дека мешање во суверенитет на туѓа држава е лошо!

насловна слика

Браво! Човек учи додека е жив! 
 

А доказ  за ова е и 33 годишниот Ч.Р. од Скопје, граѓанин кој дури сега, во 2022 година сфати дека мешање во суверенитетот на туѓа држава е лоша работа.

 

"А бе... види... ми се деси Еурека момент. Не ми падна јаболко низ глава, ама ми падна мисла. И тоа додека гледав телевизија. Гледав Бугариве како се мешаат во нашиот суверенитет. И тоа малце така шубе ме натера да се чувствувам. После тоа свртев на друг канал да гледам вести. И таму гледав дека Русите барале двојазичност во Украина и дека се мешале во суверенитетот на Украинците. Па после тоа малце на интернет скролав.... и сфатив! Да се мешаш во суверенитет и уставен поредок на туѓа земја било лошо! Така некако, чудно ми дојде... се потресов. Ете, знаев дека во 2022 ќе научам нешто ново. Планирав да научам некој програм за кодирање... ама и да научам дека мешање во суверенитет на туѓа држава било лошо е ок работа за учење. Ете, човекот учи додека е жив." - изјави господинот.


Браво, секогаш е да се види дека во земјава постои глад за знаење!

 

 

Коментари


Остави коментар