logo

# Сатира

БРАВО! НАТО ЌЕ ПРАТИ ЧОРАПИ ЗА ПРОФЕСОРИТЕ!!!

насловна слика

Браво! По кој знае кој пат членството во НАТО носи безбројни погодности за граѓаните на земјава!

 

Поради протестите на професорите, НАТО реши да и помогне на владата, а со тоа и да ги задоволи незадоволните просветители.

 

НАТО ќе прати 20 пара чорапи на земјава во акт што повторно докажува дека позитивноста од членствово во алијансата секој ден исплаќа дивиденди.

 

"Хероите се покажуваат на маката! Нема да дозволиме ниту една наша членка да има проблеми! Секогаш сме тука да помогнеме! Затоа, за да им помогнеме на професорите од Македонија што сакаат подобри услови за работа и поголеми плати ќе им испратиме пакет со дваесет пара чорапи! Со тоа, ќе се смени животот на подобро на дури дваесет професори! Дури, ако сакаат, може дваесетте пара чорапи да ги поделат. По еден чорап за секого. Така дури 40 професори ќе добијат помош од НАТО! Уи ар НАТО! Тугедр! Форевр!" - се вели во писмото на НАТО до земјава.

 

Според првите шпекулации, оваа вест била дочекана навистина емотивно од страна на професорите, а дел од нив пуштиле и солзи радосници.

 

"Браво! Знаев дека НАТО нема да ме остави на цедило!" - наводно изјавил некој од присутните професори.

 

 

Коментари


Остави коментар