logo

# Сатира

БРАВО!!! Бугарија ќе даде 5000 евра на секој навивач што им ја исвиркуваше химната!!!

насловна слика

Одлични вестио доаѓаат од Република Бугарија за сите фанови на Европска Македонија*!!!

 

Имено, Владата на Бугарија изгласа закон според кој секој македонски навивач што ја исвиркувал химната на Република Бугарија ќе добие 5000 евра!

 

Сево ова е во духот на добрососедството, а од Република Бугарија очекуваат еден ваков потег да ги доближи двете држави уште поблиску!

 

"Е добро де? Завчера на стадион некои ја исвиркувале химната? И? Тоа е веќе минато. Светот се движи. Јас не се замарам што жена ми вчера ме изневеруваше, а камо ли да се замрам за нешто што се случувало завчера? Ете, Ванчо Михајлов пред пола век правел секакви глупости, па Македонија му отвори клуб во Битола! Ете, Гоце Делчев се борел за Македонија, па вашите политичари сакаат заедно да го славиме. Кирил и Методиј ни го дадоа. Време е и ние да им дадеме нешто. Само со игнорирање на злото минато ќе може да градиме позитивна иднина. Затоа, после отворањето на клубот "Ванчо Михајлов" во Битола, лошото однесување ќе биде повторно наградено, а овој пат во парична форма. Ако сте фан што ја исвиркувал нашата химна, дојдете во нашата амбасада и добијте 5000 евра на рака. Љубовта ќе победи! Да живее Ванчо Михајлов! Да живее херојот од Бугарија - Гоце Делчев! Да живее Адолф Хитлер! Да живеат бугарските просветители Кирил и Методиј! Да живат сите што ни ја исвиркуваа химната!" -  изјави политичар од Бугарија во разговор со нашиот сајт.

 

Браво, само со градење на културни клубови со име на Ванчо Михајлов и наградувае на секој што ја исвиркувал химната на Бугарија може да се влезе во ЕУ! Браво!!!

 

*= се извинуваме, авторот на статијата не сфати дека референдумот не бил за Европска Македонија, мислел дека тоа е новото име на земјата, се дешаваат грешки, извинете...

 

 

Коментари


Остави коментар