logo

# Сатира

Бонева ќе го тужи ЈП „Македонија Пат“ за доживеаните сообраќајки

насловна слика

Екс-пратеничката, Силвана Бонева, која после години молчење си ја отвори душата и прозборе за траумите од 2011 до 2015, период во кој доживеала дури 9 сообраќајки и најави дека планира да го тужи ЈП Македонија пат за траумите и стресот што ги доживела на старите и небезбедни патишта.

 

  • Ќе тужам затоа што во најплодните години за наплата на патни трошоци, ЈАС заради сообраќајките, дури 9 пати бев спречена да стигнам до Собранието и да земам дневница. Знаете вие какви трауми се тоа?! – рече пратеничката со треперлив глас.

 

Таа додаде дека најмногу е разочарана од односот на државата кон нејзиниот лик и дело, пред сѐ од контекстот во кој се спомнува нејзиното име, како некој кој само наплаќал патни трошоци од државата, без да ги земат предвид тешкотиите и премрежјата низ кои минувала таа, нејзиното возило и нејзиниот механичар.

 

  • Сите зборат за еврата што сум ги зела, а никој не проверува колку сум платила за патарини, па гориво, амортизација, 53 сервиси... Да го видат тоа, најмалку еден автопат ќе го носи името Силвана Бонева. - поентираше Силвана Бонева.

Коментари

Qr4WNYlQDww3cYEx19LNocgu5Sb7sDBQkP7DPFDe

Сики, па ти си само спремна за Париз- Дакар...

Qr4WNYlQDww3cYEx19LNocgu5Sb7sDBQkP7DPFDe

Сики, па ти си спремна за Париз- Дакар...


Остави коментар