Огромен спектакл на плоштадот во Скопје!
Имено, градоначалникот во заминување (а можда и не) - Петре Шилегов најави огромен боксерски спектакл на плоштадот Македонија!
Овој август, веднаш до споменикот "Некој чоек нешто јава коњ шо знам" ќе биде ставено ринг, а сите граѓани ќе можат бесплатно да го гледаат овој маестрален боксерски дуел помеѓу Заев и Мицкоски.
Победникот од тој дуел и официјално ќе има старателство врз Димитар Апасиев.
"Гледам дека ВМРО го сметаат за СДСМовец, а СДСМ го сметаат за ВМРОвец. Затоа, инспириран од битката на Џејк Пол против Флојд Мејведер, решив дека последното дело од овој мандат како градоначалник да ми биде најавата на овој боксерски спектакл. Победникот од тој меч и офиицјално ќе може да каже дека е официјалниот мецена на Димитар Апасиев!" - изјави Петре Шилегов.
Се надеваме боксерскиот дуел ќе го врати градот во старото нормално.