logo

# Сатира

Боки 13 ѝ дозволи на МТВ да ги емитува неговите стари емисии!

насловна слика
Боки 13 против Ковид 19! Познатиот шоумен Бојан Јовановски, познат и како Боки13 или Боки Тредичи, кој моментално е во самоизолација во Шуто Оризари, ѝ ги отстапи правата за неговите стари шоу програми и музички хитови на Македонската радио телевизија. Во пакетот емисии што ги доби МРТ се сега веќе легендарните: „13ка за најуспешните“, „Боки13 Шоу“, „Talk Show“, потоа неговите настапи во регионалните реални шоу-а: „Велики Брат ВИП“ и „Фарма ВИП“, како и спотовите за нумерите „Инсомниа“, „Холивуд“ и „Деца Ночи“. Овој хуман гест на нашиот истакнат хуманитарец има за цел да им помогне на младите да се забавуваат и да се едуцираат во исто време, откако Владата по препорака на Министерството за здравство ги затвори училиштата и факултетите.

Коментари


Остави коментар