Познатиот борец за правда - Павле Богоевски овие денови е зафатен со неколку штрајкови (Линк 1, Линк 2, Линк 3), но сепак успеа да пронајде време да го изјави својот став за протестите на професорите.
Според него, само лузери штрајкуваат.
"ШТРАЈК?!?! МОРЕ СЕДНЕТЕ РАБОТЕТЕ МАЛЦЕ, САМО ИДИОТИ ШТРАЈКУВААТ!!! Не се решава ништо со штрајк! Нели гледате дека ве користи опозицијата за нивна моќ?!? Кога ќе дојдат на власт ќе го сменат името!!! Срамота е ова бре?!?! Нели гледате дека има нешто подлабоко тука?!?! Седнете работете, ја немам чуено у мојов живот некој интелектуалец на протести да излезе. Само идиоти излегуваат на протести да се бунат за неправда. Отворете очи! Ве искористуваат!!!" - гласеше статусот на Павле Богоевски.
Браво, нашата земја ќе беше подобро место за живеење ако сите беа Павле Богоевски.