Познатиот... човек што е познат поради некоја причина - Павле Богоевски, исто како и сите луѓе во државава се појави со свое мислење за новото ребрендирање на ДУИ.
"Зелено, а? Шо знам. Ок е, вака од прва. Мејнстрим. Ама не знам, мене ако ме прашаа ја би им препорачал бело. Едноставно повеќе те отвара бело, онака, на око повеќе одговара кога ќе го видиш од далеку... не знам, ако веќе решиле ДУИ да праат некакви промени подобро да скокнале на бело наместо вака на зелено... не знам, јас преферирам бело пред зелено, ама они си знаат" - изјави Богоевски за новиот бренд на ДУИ.