Нов ден - нови преговори на нашата земја со земја што сака да се меша во нашиот суверенитет!
Ама ако, битно се гради преговара!
Имено, владата на Босна и Херцеговина бара заеднички со Земјава да го слават роденденот на Бранко Црвенковски!
"Глупаво е да го сметате за ваш човек. А и не ви е прв пат да славите туѓ човек! Роден е во Сараево. Босанец е. Не може Бранко Црвенковски да е Македонец! Срамота е да крадете историја, сметавме дека научите од преговорите со Грција и Бугарија, ама очигледно не сте сфатиле ништо. Затоа, ќе добиете вето за влез во ЕУ ако не се сложите на заедничко славење на роденденот на Бранко Црвенковски!" - изјави претседателот на Босна и Херцеговина и продолжи: "Нели, јасно ми е дека не сме дел од ЕУ, ама факт е дека ќе влеземе во ЕУ пред вас, така да фер е да си кажеме уште од сега дека ќе си лапате уште едно вето кога ќе се решите со Бугарите."