Вицепремиерот за економија и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, по вчерашната изјава во која порача дека поскапените прехранбени производи не треба да ги загрижуваат граѓаните, денес излезе со ново решение, според кое секој што не може да купи од поскапената храна треба да јаде помалку.
- Кога ќе поскапи бензинот, граѓаните возат помалку. Кога ќе поскапи струјата, се тушираат поретко. Така и кога ќе поскапи храната, ќе јадат и помалку и поретко. Ние како партија и како Влада, сме спремни да се жртвуваме за нивно добро и да јадеме на сила за да не се фрла вишокот, затоа што ни е важно тие да ни останат здрави и да поживеат подолго за да продолжат да не' гласаат. - изјави Битиќи.
Независните експерти сметаат дека ова е добра стратегија за зголемување на просечниот животен век на населението и освен што ќе се искорени дебелината, хроничните проблеми со холестеролот и шеќерот и други болести поврзнани со прекумерното јадење, на овој начин за нив ќе има повеќе коски за глодање.