logo

# Сатира

Бисера: Да се вакциниравте со вакцините што стигнаа на Кинеска Нова година ќе немавме вакви проблеми

насловна слика

Пратеничката Бисера Стојчевска Костадиновска, која стана позната откако дојде во Собрание со скафандер за да гласа за носењето на буџетот, денес им одржа лекција на неодговорните граѓани кои во обид да му наштетат на министерот за здравство, не почитуваат мерки и препораки и се вакцинираат предоцна.

 

- Да почнеше вакцинацијата на Кинеска Нова Година, кога и пристигнаа првите вакцини од Кина, сѐ ќе беше поинаку. Но наместо тоа, граѓаните избраа да се однесуваат неодговорно, да шетаат позитивни низ град и да го шират вирусот наоколу. И сега на сета истите тие ќе му држат лекции на најодговорниот министер што даде сѐ од себе да донесе вакцини уште лани? Па немојте ви се молам... - остро рече Бисера.

 

Таа најави дека ќе се бори до крај за министерот да остане таму каде што му е местото и ќе ги разоткрива сите лицемери кои се вклучија во дебатата за разрешување на министерот, а со своето однесување придонесле за случувањата и хаосот што се случи за време на пандемијата.

Коментари

WnSmHxHJ8sfI3rY3nscIwNcKilCGNp6ZIlIJwS8a

Ете дојде ред и Бисерка-северномакедонскиот космонаут да ни држи лекции...а браво


Остави коментар