logo

# Сатира

Биланс од Водици: Седуммина полесно и еден потешко повреден

насловна слика

Ортопедската амбуланта во Штип пред неколку минути го објави конечниот број на повредени после прославата на големиот христијански празник, Водици, и за сега, само еден од нив е со посериозни повреди, па е испратен во болницата „свети Еразмо“ во Охрид, додека другите се пуштени на домашно лекување.

Од штипската болница соопштуваат дека потешко повредениот пациент е всушност среќниот фаќач на крстот, на кого годината му почна навистина среќно, па покрај телевизор и нова маица, сега ќе добие и бесплатен смештај во Охрид.

Коментари


Остави коментар