logo

# Сатира

Бесплатна крема за зголемување на пенисот за пратениците!

насловна слика
По успешниот закон кој предвидува дека ако на пратеникот му е помал станот од од 80 м2 следува и надомест за закуп на стан (веста за законот може да ја прочитате тука), денеска пратениците го изгласаа и законот „Бесплатна крема за зголемување на пенисот за пратниците“! Овој закон предвидува дека за сите оние пратеници кои имаат пенис помал од стандардните пропишани норми, им следува бесплатно користење на крема за зголемување на пенисот. Со оваа мерка се очекува граѓаните кои не се задоволни од досегашната работа на пратениците да бидат максимално задоволени. „Законот е одличен. Граѓаните конечно ќе можат да уживаат во работата на сите пратеници. Охрабрени од успешната работа на пратениците кои добија поголеми станови, сигурни сме дека овој закон уште толку ќе придонесе за севкупното задоволство на граѓаните. Сексот го продолжува животот. Со овој закон, политичарите дефинитивно ќе го поживеат народот“ - изјави еден политичар кој сакаше да остане анонимен.

Коментари


Остави коментар