logo

# Сатира

БЕКТЕШИ: ЕУ нѐ моли да го забавиме развојот оти сѐ повеќе Европјани доаѓаат тука на печалба

насловна слика

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој вчера се пофали дека поради вртоглавиот раст на економијата под негово водство, сѐ повеќе и повеќе странци доаѓаат на печалба во Нашата Земја, доцна синоќа добил протестна нота од Европската Унија, со чудни критики и уште почудни барања.

 

Во неа, земјите членки на ЕУ отворено го обвинуваат министерот Бектеши за претерано развивање на неговиот ресор, што според нив е и главна причина поради која нивните земји се празнат, а работоспособните граѓани сѐ почесто ја избираат Нашата Земја како своја гастербајтерска дестинација.

 

- Бараме да паузирате со развојот на неколку години за да можеме да ве стигнеме. Кај вас доаѓаат џиновски компании, се отвораат нови работни места, растат плати, растат пензии... Сѐ оди на горе. И како може една Германија, Франција, Шпанија или Холандија да се натпреварува со тоа? А да не почнуваме воопшто за посиромашните членки. Па ако продолжите вака Европа ќе остане без луѓе! – изјави за Кооперација еден од креаторите на протестната нота, кој сакаше да остане анонимен, затоа што следниот месец планира да започне со работа тука.

 

За сега не се знае како ќе одговори нашата страна, но според експертите блиски до Владата, министерот за економија ќе мора да најде некој компромис и да ја забави економијата, бидејќи во спротивно Европа ќе пропадне за три-четири месеци.

Коментари

XdNW1ZKu8XpfLJoQlHJ3WAgwxpD19SG1hARt2Q64

Bez koment.LAGA

kefXuFZh5RW7Es2MfhUewNrXfzN97984sDW4hCRJ

Dali ovo e vic?

YcQAwFGU4wCpEK6rFtlLMbjpm6BurT07YwT2nWcr

Ako ne e laga,vistina e.Ke go zemat kako ,,strucnjak,, voEvropa

0CxpEXlDpMCbTzD4C6fzm8SbqgcYXjlDLDQ3D2YM

Otkako postoi svetot nemalo vakov vic🤔🤣🤣


Остави коментар