logo

# Сатира

БЕГАЛЕЦ ОД АВГАНИСТАН ВОДИ ПРЕД ШИЛЕГОВ, ДАНЕЛА И ПЕРО КАМИКАЗА!

насловна слика

Конечно - се најде човек што е спремен да го води Скопје кон нови успеси!

 

Според најновата анкета, обичен човек - бегалец од Авганистан води кај народот пред Данела, Шилегов и Камиказа!

 

Имено, граѓаните се спремни својата доверба за нов градоначалник на Скопје да ја дадат на бегалец од Авганистан.

 

"Исти срања поминал и он ко мене. Знае дека е политиката е курва. И он како и мене преживувал со минималец. И он како и мене не јадел само за да оддели некој денар повеќе за децата. И тој како мене мрази што новиве терористи на власт сами си менуваат устав како им одговара. Можеби не го знае јазикот, ама не е проблем, ќе му помогнеме сите ние. Само обичен човек со исти проблеми како и мене може да го оправи градот. И искрено, повеќе доверба имам во него наместо во политичариве! Верувам во бегалецот од Авганистан и ќе го гласам! Цела фамилија ќе го гласа!" - вели еден граѓанин, а овој став го делат повеќе од 80% од испитаниците на анкетата.

Коментари


Остави коментар