Раководителот на фабриката „Баргала“ од Штип денес изјави дека самата фабрика размислува за нова, уникатна линија на производство на чевли. Тоа го потврди и раководителот.
„Да, веќе подолго време правевме концепт за оваа нова линија на производи наменети за носење на нозете како од заштитни така и од естетски причини. Имаме нови уникатни производи, дизајните се готови, а името на линијата е „ОПИНЦИ!“ Сега имаме потреба од нови искрени и чесни работници, бидејќи оние претходните, за жал беа недисциплинирани во однос на редовноста, понекогаш кога беа на работно место си шиеа кој што сака, а и повеќето од нив беа пред пензија.“ - исплашено изјави раководителот на фабриката „Баргала“ во Штип, господинот Наум Барзов додека заедно се криевме од гневните недисциплини отпуштени.
Остануваме на терен!