logo

# Сатира

БАКСУЗ: Дупка широка 50км се отвори на автопатот Охрид-Кичево

насловна слика

Деценискиот труд што е вложен да се изгради модерен пат долг 50ина километри, падна во вода, поточно во дупка за само неколку секунди, откако на автопатот Охрид-Кичево се отвори дупка што го проголта целиот автопат кој скоро беше изграден, а со него и повеќе од 600 милиони евра народни пари.

 

Како што јавува нашиот дописник од Годивје, глетката била страшна и се' се случило многу брзо, но за голема среќа и покрај засиленото темпо со кое се работи на автопатот, сите 700 работници кои секојдневно работат таму биле на пауза за ручек, па со исклучок на буџетот, никој друг не е повреден.

 

Веста за дупката силно ги погоди жителите на Кичево, Охрид, Дебрца и другите околни општини, кои од жалост се собраа на плоштадите за да запалат свеќа за пропаднатите милиони од буџетот и да си дадат поддршка во овие тешки времиња за нивните општини.

Коментари

C9FZtWz8WiRbDuXNFU1aJPtywHquREPffxwmt9EU

Така е

TXnul76FmfxX3QHWcyCByTju8ZrEOZs6gexWIdDY

али не е проблем за ZZ&com. ќе ја пополнат со уште 600 ако останат до крај на мандатот


Остави коментар