logo

# Сатира

Бајден: РУСКИТЕ ХАКЕРИ СЕ БРИШАТ ОД ИСТОРИЈАТА!

насловна слика

Браво!

 

Претседателот на САД најави бришење на таканаречените "руски хакери" кои наводно се мешале во изборите во САД во 2016.

 

Ова е најновата санкција на САД, а целта е спречување на глорификацијата на Русија!

 

"Како тоа бе дечки од Русија можеле да хакнат нешто? Сите знаеме дека Русија е заостната земја што нема интернет! Не смееме да го лажеме народот дека пар дечки од Русија се доволно храбри за да ја хакнат демократијата на најдемократската земја во светот. Затоа, како солидарност со Украина, ги бришеме т.н. "Руски хакери" од сите учебници, весници, магазини и веб сајтови, а на нивно место ќе збориме за "УКРАИНСКИ ХАКЕРИ"! Така, светот ќе знае дека младите жители на Украина се навистина интелигентни и може да хакнат избори и да се мешаат во туѓа демократија. Веруваме дека ова навистина ќе го повреди Путин и цела Русија!" - изјави Џо Бајден.

 

 

Коментари


Остави коментар