logo

# Сатира

БАЈДЕН: ОТКАКО ЌЕ ЈА СПАСИМЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ КОСОВО НА СРБИЈА!

насловна слика

Американскиот претседател не престанува да се бори против странското мешање во суверенитетот на незвисни држави, а особено мрази кога странски држави помагаат да се донесе независност на покраини во земјите во Европа.

 

Имено, Џо Бајден најави дека откако ќе и помогне на Украина против Русија и кога и официјално ќе ги врати Доњецката Народна Република и Луганската Република на Украина, тогаш тој своите сили ќе ги насочи кон Србија и ќе проба да го врати Косово на нашиот северен сосед.

 

"Мразам кога диктатори помагаат независност на покраини. Мразам ова што го прави Путин со ДНР и ЛНР, а нормално, мразам и тоа што Буш и Клинтон го направија со Косово. Ама добро, што да очекуваш од преставници на Републиканската партија? Јас, како кандидат на Демократската партија во САД ќе пробам да го вратам Косово на Србија! Ама нели, откако прво ќе им помогнам на Украинците. Знаете, баш сега свртев пар броеви и нарачав најквалитетни молитви и мисли. Сигурен сум дека оваа помош ќе биде неверојатна за граѓаните на Украина!" - изјави Џо Бајден во разговор со нашиот уредник.

 

 

Коментари

luQXg2S3HNYZkByAS7rWXnjKG1Rt9mGPAu15AcO5

Odma ga vrati

luQXg2S3HNYZkByAS7rWXnjKG1Rt9mGPAu15AcO5

Kako da ti verujemo, odmah ga vrati


Остави коментар