Претседателот на САД згрме по сите непочитувачи на законите!
Откако минатата година тој објави дека сите што не го почитуваат Преспанскиот договор ќе се најдат на црна листа, тој сега згрме и по сите што не сакаат да го почитуваат договорот потпишан од страна на Владимир Путин.
"Луѓе, ве молам престанете со овој национализам. Секој што вели дека Косово е Србија е националист. Секој што вели дека Северна Македонија е Македонија е националист. Секој што вели дека ДНР е Украина е нацоналист. Си пишува црно на бело. Си има договори потпишани. Ве молам престанете со "aaa ne go davame ova parce zemja!" или "aaa ne e mala ne e mala tri pati ratuvala!" или "solun e nas! harkov e nas!!" или што ти знам таму. Престанете со вакви заостанати работи што одат против законот и против јасно потпишани договори. Русија си потпиша договор исто како што и Зоран Заев си потпиша договор пред пар години. Тоа е, легален договор после 100% дефинитивно легален и фер и рационален и почитуван референдум. Ве молам престанете со национализмот да не ве бомбардираме. Рачунајте, сите вие што сте пишале било какви националистички статуси на фејсбук, ставени сте на црна листа кај мене. Нема да го вратите Косово. Нема да го вратите Солун. Нема да го вратите Луганск. Гледајте си живот и не се замарајте со минатото." - изјави Џо Бајден во разговор со нашиот камерман.
А малку е чудно што во фирма имаме камерман кога сме вебсајт, а не телевизија... ама ок.