САДовскиот претседател Џо Бајден храбро, авторитативно, лидерски, претседателски, интелигентно и недвосмислено се објави на сите што пробуваат да ја вратат Украина во 18 век.
Според Бајден, независноста на Доњецката и Луганската Народна Република е завршена работа и се пишува црно на бело во светски признаен договор. Тој е презадоволен од одлуката за независност на овие две републики и смета дека конечно со овој потег Украина ќе може да гледа напред, а не назад кон проблеми кои се влечеле со децении.
Но, поради тоа што ова е завршена и легална работа поради потпишан договор - претседателот на САД нема друг избор освен да ги стави на црна листа сите кои нема да ја почитуваат независноста на овие две држави.
"Црна листа батец. Се знае. Ако не почитуваш договори ќе се најдеш на црна листа. До сега на црната листа ми се стаени два тројца пензионери од Село Слепче, Северномакедонско место едно. Ги фатив еднаш разговорно збореа за Македонија, а не за Северна Македонија. И затоа на црна листа. Никад нема да ми дојдат у земјава! А нели, листата може да се прошири и за секој што смета дека Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република не се независни. Демократија, а не слепо држење за минатото! Потпишани договори, а не празно јадење слама! Демократијата ќе победи!" - изјави Џо Бајден.