Претседателот на САД продолжува со политиката контра сите што пробуваат да се борат за легалноста и вистинитоста на резултатите.
Откако тој најави дека секој што има познавање од правото и уставот ќе се најде на црна листа на САД, Бајден денеска објави дека секој што ќе каже дека Австрија победила исто така ќе се најде на црна листа!
"Видете. Не можете вие туку така да имате разбирања. Мислите знаете како функционираат референдуми? Устави? Договори? А сега уште па мислите и дека знаете фудбал? Правило за офсајд? Погодоци?
Врска немате.
Секој што не го поддржува Преспанскиот договор и секој што смета дека Австрија денеска ја победи Северна Македонија ќе се најде на црна листа.
Ние, на Г7 ќе гласаме за вистинскиот резултат на натпреварот." - објави Бајден на неговиот МајСпејс акаунт.