logo

# Сатира

Бајден: На црна листа ќе биде САД дека ја признале Република Македонија

насловна слика

Еден од најмоќните луѓе во светот - Џо Бајден, уште еднаш потврди дека е огромен пријател на Северна. Овој пат, тој згрме по социјалните мрежи и кажа дека планира да ги стави Соединетите Американски Држави на црна листа поради тоа што ја признале Република Македонија.

 

"Како бе така си дозволуваат да признаат држава пред таа да го реши конфликтот? Се знае, не се мешаш во туѓи работи и чекаш самите држави да си се сложат. А двете држави се сложиле за Северна. Затоа, секој што ја направил грешката да не го почитува Преспанскиот договор или пак секој што никогаш не ни чекал да се случи договор меѓу двете држави  па се расфрлал со ставови и официјални договори ќе заврши на црна листа. Затоа, во моментов и објавувам војна на САД! Време е САД да сфати дека не смее да прави глупости и да признава некоја си измислена држава наречена Република Македонија. Ќе забранам влез во мојата држава за секој жител на САД!!!" - напиша Бајден на неговиот Piczo профил.

Коментари


Остави коментар