Натпартискиот претседател на државите што се дел од Северна Америка, а не сме сигурни дали се баш соединети или се спремаат за Југославизација или не - Џо Бајден, упати нова порака до жителите на нашата земја.
Во записот кон медиумите на нашата земја се вели дека Џо Бајден ќе фати врски за да се врати "McDonald's" во Скопје, но тоа ќе го направи само ако сите гласаат за Петре Шилегов на престојните избори за градоначалник на Скопје.
"Го обозхавам господинот Схилегов. Сметам дека тој ќе победи. Без разлика дали ќе собере мнозинство на гласови или не. Тој ќе победи. Ако не победи ќе ги ставам сите што не гласале за него на црна листа. Или бела листа, пошто 2021 е, нема зошто да ги делиме листите на бели и црни, сите листи се убави во својата боја. Ама муабетот ми е... гласајте за Шилегов. Ако гласате за Шилегов ќе го вратиме Мекдоналдс во Скопје! И не само тоа, за секој човек што ќе гласа за Шилегов ќе добиете Happy Meal кога ќе се отвори Мекдоналдсот! Затоа, сликајте се како гласате за Шилегов, и гласајте во големи бројки! Секој може да гласа повеќе пати! Ако можевте масовно да гласате за Александар Белов, можете и за Петре! Да живее САД!!!" - пишува Џо Бајден.