logo

# Сатира

Баба од СДСМ: ДЕЦА НЕ СЕДЕТЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ... КАМЕН Е!!!

насловна слика

Екипата на Кооперација го имаше задоволството да разговара со локална баба која што е член на СДСМ.

Разговаравме за љубовта, врските, младите и разликата од минатото до сега.

 

Ни кажа дека порано и било подобро поради тоа што била млада.

 

Препорача да се пазиме од промаја, оти таа (промајата) била најопасен убиец, малку позафркната од сидата или канцерот.

 

Освен тоа, препорача младите да не седат на индентитетот.

 

"Деца... слушајте баба да ви каже нешо.... не седете на идентитетот.... ќе настинете.... идентитетот е КАМЕН! Слушате? Идентитетот е.... БЕТОН! Ако седите на нешто вакво ќе настинете и ќе ве боли стомакот... може и пролив да ве фати... слушате??? ПРОЛИВ ЌЕ ВЕ ФАТИ ОД ТОА КОЛКУ НИ Е БЕТОН ИДЕНТИТЕТОТ! Затоа, пазете се, не сакам после да настинете, нема да може да го гледате следниот меч на нашеземјестата репрезентација, дечиња едни..."

 

После ова бабата не праша чиви сме, од кај сме, дали одиме на школо и кога ќе се жениме.

Екипата на Кооперација веднаш го напушти интервјуто.

Коментари

Ns0eRtIRKh0eWt6RgdH8ER23pYeW6QtWOTjX3SnQ

ако седиш на камен, газо грчки ќе ти збора


Остави коментар