logo

# Сатира

Ахмети за пукањето во Чаир: На митингот ги промовиравме новите еко-куршуми

насловна слика

"Пукањето на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Чаир, беше по сите еколошки стандарди и протоколи, како што доликува на една зелена партија." - тврди лидерот на зелените од ДУИ, Али Ахмети, кој денес одговораше на неколку новинарски прашања за овој случај и објасни за што се работи.

 

"На митингот во Чаир светската и домашната јавност по прв пат можеа да ги видат еколошките куршуми, направени од барут што не е штетен за природата и животната средина, специјално произведен за потреби на партијата. И сите од ДУИ на идни митинзи, свадби, прослави...ќе мора да ги користат нив. Вистина малку се поскапи, ама ниедна цена не е превисока за доброто на природата." - рече Ахмети.

 

Тој откри дека покрај куршумите и пиштолот што е користен во пукањето е направен од рециклирани пиштоли и дека се' ова всушност е ПР трик за промовирање на нивните зелени политики и кревање на свесноста за заштитата на животната средина.

Коментари

IBHRe1yV1SAnn75MudOs0QXy3H195r3D6QIDutGV

зелена работа….


Остави коментар