И лидерот на ДУИ се огласи за ситуацијата во Украина.
Тој е шокиран и згрозен од постапките на Владимир Путин и вели дека е изненаден што тој се решил да ја прошири својата политичка моќ користејќи сила и повикувајќи на војна.
"Војна бе! Насиство! Изживување врз цивили! Еееееј! Хаос, каде забега светот! Прв пат слушам за нешто вакво. Шокиран сум од постапката на Владимир Путин. Кај се чуло и видело некој да проба да стигне до политичка моќ преку војна? Надреално. Јас да бев на негово место ќе пробав да ја решам ситуацијата на зелена маса. Или со прошетка во некоја зелена шума. Или пушејќи зелено од лулето на мирот. Поентата ми е... само зеленото ќе го спаси светот. И со тоа мото ќе настапиме на следните избори како најзелена партија во земјата!" - изјави Али Ахмети во разговор со нашите новинари.