logo

# Сатира

Ахмети му се налути на Заев: И мене ме излажа дека сум му прв!

насловна слика

Новите сознанија што испливаа на површина за коалициониот живот на Зоран Заев пред да стане партнер со Али Ахмети, го потресоа лидерот на зелените од ДУИ до срж и го разнишаа веќе лабилното партнерство помеѓу нив. 

 

По тој повод, господинот Ахмети одржа прес конференција на која откри пикантерии од почетокот на нивната врска и со кнедла во грлото образложи како Заев, со лаги и измами, го освоил неговото срце. 

 

- Раскинав десетгодишна врска заради него! Ако се сеќавате, бившиот цела вечер ме чекаше на прозор, но јас го откачив опиен од убавите зборови на стројниците од Америка. Мислев ништо не може да нѐ раздели сѐ додека не слушнав за Јелена од Горни Милановац, за која мојот Зоки рече дека е негова прва љубов. Тогаш цел свет се сруши над мене. А веста за пачаврата од Дојран, за која рече дека исто му е прва, ме докрајчи! Не знам со кое лице ќе се појави пред мене кога ќе се врати од Софија. - изјави лидерот на ДУИ. 

 

Тој не сакаше да потврди дали ќе го раскине партнерството или ќе ја продолжат врската за добро на децата во партиските штабови, но беше дециден дека ништо нема да биде како порано. 

Коментари

C7MQSm2zlGNPPeRnbbpqlDRNwpFdkMrOV7eJpHLp

А да си поиграат Ромео и Јулија?!!

pRbwDMHebVuXk7hB2OxPHOfgQTz47tbJGyg8mNXU

pa ovoj e pozelen od prethodniot zatoa ali go bendisal

H35wAXuzjASVrYhikYn6yzg4AevRyoQamYe44QHI

хахаха, сите нијанси на зелено


Остави коментар