И 21 година откако стапи на сцената, Али Ахмети не престанува да се бори за правата на малцинставата.
Тој е човек што живее во Република Македонија, а како таков, логично е дека ќе се бори за правата на сите негови пријатели од држвата, без разлика на нивната националност.
Затоа, вооопшто не е изненадување што Али Ахмети на прославата за потпишувањето на рамковниот договор објави дека ќе се бори за укинување на Преспанскиот договор, исто како и потпишувањето на ЕУ предлогот за крај на спорот со Бугарија.
"Малцинствата мора да имаат права! Во 2001 се боревме за права на малцинствата.И еве, не е совршено, ама е малку подобро. А што правиме со моите браќа во Грција? Што да правиме со моите браќа Македонци??? МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ПОСТОЈАТ!!! И немаат никакви права. И не само тоа! Туку поради Прспанскиот договор, тие воопшто не ни постојат. Замислете, некој во 2001 да потпишал договор дека не постои Албанско малцинство во Македонија? ЗАМИСЛЕТЕ! Цела среќа, не се случи нешто такво. Но борбата за правата на малцинствата не запира тука. Ќе се борам за крај на договорот од Преспа! Ако не можам на маса, тогаш ќе се фатам за пушка и ќе одам во Грција. Еднаш веќе донесов права за малцинствата, зошто да не можам и втор пат??? Борбата не запира! Македонци во Грција ќе постојат! Македонци во Бугарија ќе постојат! Договорите ќе бидат срушени. Со добро или со војна. Но правда за малцинствата ќе има! Да живее Република Македонија! Да живее македонското малцинство во Грција! Да живее македонското малцинство во Бугарија! Правдата ќе победи!" - гласеше говорот на Али Ахмети на плоштадот "Скендербег".